Setting up a Business

Официјално име: Република Македонија

Главен град: Скопје (население од 600.000)

Други поголеми градови (население од околу 100.000): Куманово, Битола, Тетово, Велес, Прилеп, Штип

Население: 2.050.000 жители

Површина: 25.713 km²

Локација: Македонија е сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Македонија стана членка на Обединетите нации во 1993 година. Земјата граничи со Грција на југ, со Бугарија на исток, со Србија и Косово на север и со Албанија на запад. Земјата е 80% планинска, а највисоката точка е на планината Кораб (2.764 метри).

Временска зона: GMT + 1

Политички систем: парламентарна демократија

Валута: Македонски денар (1 ЕУР = 61,5 МКД)

Телефонски код на земјата: + 389

Интернет домен на земјата: .mk

Макроекономска стабилност

Високиот потенцијал на економската и финансиската стабилност на Македонија е изразена преку клучните позитивни економски индикатори, како што се постојан раст на БДП, ниската и стабилна стапка на инфлација (просечна <2% на годишно ниво), децениски стабилна валута, како и одлична фискална дисциплина потврдена од страна на меѓународните финансиски институции.

Според економскиот извештај на Европската комисија за 2015 година, се предвидува Македонија  да постигне највисока стапка на економски раст во Европа во 2015 и 2016 година. Врз основа на проекциите на Министерството за финансии на Република Македонија, БДП стапката на годишен раст се очекува да достигне 3,2% во 2018 година.

Извозот на Македонија, исто така, има позитивен раст. Стапката на раст на извозот изнесуваше 9,1% во 2015 година, 7,4% во 2016, 14,1% во 2017, и се очекува раст на извозот од 10,1% во 2018 година.

 

БДП (РЕАЛНИ СТАПКИ НА РАСТ)
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
4,75,16,55,5-0,43,42,3-0,52,93,53,74,01,2
ИНФЛАЦИЈА (ПРОСЕЧНА, НА КУМУЛАТИВНА ОСНОВА, ВО %)
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
0,53,22,38,3-0,81,63,93,32,8-0,3-0,3-0,21,4
СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ (ВО %)
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
37,336,034,933,832,232,031,431,029,028,026,123,722,4
БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ: % од БДП
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
0,2-0,50,6-0,9-2,6-2,4-2,5-3,8-3,8-4,2-3,5-2,7-2,7
ПРОСЕЧЕН КУРС МКД/ЕУР
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
61,3061,1961,1861,2761,2761,5161,5361,5361,5861,6261,6161,5861,69
СДИ (% од GDP)
2005200620072008200920102011201220132014201520162017
1,56,38,35,92,12,34,61,53,12,42,43,52,3

ОПШТ ПРЕГЛЕД

Македонија се гордее со своите образовни и високо-квалификувани кадри и етичка работна сила која е на располагање на странските инвеститори. Просечната бруто месечна плата на национално ниво во 2015 година изнесуваше €522. Образовните стандарди на техничките високообразовни институции во Македонија се на исто ниво со западните земји. Работниците се заинтересирани за континуирано дообразование и усовршување и успешно ги завршуваат програмите за стручна обука. Владата на Р.М. помага на инвеститорите во процесот на обука на работната сила со партиципација во такви програми.

ОБРАЗОВАНИЕ ОРИЕНТИРАНО КОН БИЗНИСОТ

Основното и средното образование, како и изучувањето на англискиот јазик, се задолжителни во македонскиот образовен систем и започнува во прво одделение од основното училиште. Покрај општите средни училишта, голем број на стручни средни училишта се отворени во секој град со цел да им овозможи на учениците да изучуваат различни струки. Постојат пет државни и бројни приватни меѓународно признати универзитети и колеџи. Средните стручни училишта и универзитети нудат наменски програми за обука, со цел да ги задоволат специфичните потреби на компаниите кои инвестираат во Македонија. Во изминатите неколку години, Македонија во просек издвојува 6% од својот бруто домашен приход за образованието, процент повисок во однос на најголемиот број земји на ОЕЦД.
Секоја година околу 80% од матурантите се запишуваат на факултет, а во последните неколку години има зголемување од 35% на вкупниот број на додипломски студии. Со 45% од населението на возраст под 30 години, Македонија нуди млада, образована и квалификувана работна сила на потенцијалните инвеститори.

ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ

Просечната бруто месечна плата на национално ниво во 2015 година изнесуваше €522, додека просечната бруто месечна плата во производствениот сектор изнесуваше €393. Овие износи вклучуваат нето плата, персонален данок на доход и социјалните придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување за вработување. Минималната плата е дефинирана со колективни договори за секоја професионална гранка посебно.

СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ

Социјални придонеси200820092010-2016
Придонес за пензиско и инвалидско осигурување21.2%19.0%18%
Придонес за здравствено осигурување9.2%7.5%7.3%
Придонес за Фондот за вработување1.6%1.4%1.2%
Дополнително здравствено осигурување0.5%0.5%0.5%
ВКУПНО27.0%

РЕГИСТРИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА

Сегашниот Закон за трговски друштва е на сила од 2004 година. Дополнувањето на Законот за трговски друштва во 2005 година го означи почетокот на работата на Централниот регистар на почетокот на 2006 година, како орган надлежен за вршење на сите регистрации на компании и одржување на целокупниот трговскиот регистар. Ова е главниот закон за регулирање на деловна активност во Македонија кој ги дефинира видовите на компании, процедури и регулативи за нивното основање и работење. Бидејќи на странските инвеститори им се дадени истите права и привилегии како на македонските државјани, тие имаат право да основаат и да работат со сите видови на приватни компании или акционерски друштва. Странските инвеститори не се должни да бараат посебни дозволи од надлежните државни институции, освен она што вообичаено се бара со Законот.
Според Законот за трговските друштва, претпријатијата се формираат како посебни правни субјекти кои работат самостојно и се одвоени од нивните основачи, акционери и менаџери. Во зависност од видот, компаниите имаат свои права, обврски, имиња и регистрирани канцеларии.
Македонија воведе едношалтерски систем кој им овозможува на инвеститорите да го регистрираат својот бизнис по 2 часа од поднесувањето на барањето. Може да се регистрира фирма во Македонија со посета на една канцеларија и добивање на сите потребни информации на едно место од еден вработен. Ова значително ја намалува административната бариера и почетните трошоци.

РАБОТНИ ВИЗИ И ДОЗВОЛИ

Странските државјани лесно може да се вработат во Република Македонија, по добивање соодветна виза или дозвола од Министерството за надворешни работи, односно дипломатско-конзуларни претставништва во странство.
Државјаните на земјите-членки на ЕУ, како и државјани на земјите потписнички на Шенген договорот, можат да влегуваат во Република Македонија со валидна лична карта издадена од надлежните органи на земјите-членки на ЕУ и земјите потписнички на Шенген договорот.
Видови на визи:
Влезна виза
Деловна виза
Работна виза
Барања за Виза и постапка
Виза се издава само во амбасади или конзулати на Република Македонија во странство.
Рокот на важење на пасош или друга патна исправа на подносителот мора да биде најмалку 3 (три) месеци.
Подносителот на барањето може да се јави во амбасада или конзулат на Република Македонија за дополнителни информации за условите и постапката за издавање на виза.
Барањето може да се достави до амбасада / конзулат на Република Македонија по пошта или по факс, но во тој случај барателот мора лично да ја подигне визата.

Со помош на листата на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство (кој може да се најде на веб-страницата на Министерството за надворешни работи) барателите на виза може да го изберат најпогодното место т.е. амбасада / конзулат за достава на барањето.
Видови на дозволи:
Работна дозвола
Дозвола за престој

ПОСЕБНИ ЛИЦЕНЦИ И ДОЗВОЛИ

Во прилог на регистрација на сите бизнис активности утврдени со Законот за трговските друштва, некои деловни активности мора да добијат дополнителни работни лиценци или дозволи пред започнување на нивните активности. За компаниите кои работат во овие специфични области, процесот на регистрација е проследен со процесот на лиценцирање со надлежните органи одговорни за издавање на лиценци и/или дозволи во нивните бизнис области.
Вработените во Централниот регистар се обучени да ги насочат новорегистрираните компании до соодветните органи за лиценцирање.

ДОГОВОРИ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Македонија е потписник на три мултилатерални договори за слободна трговија:
– SAA (Договор за стабилизација и асоцијација) со земјите-членки на ЕУ
– EFTA (Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
– CEFTA (Македонија, Албанија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово)
Билатерални договори за слободна трговија се потпишани со Турција и Украина.

ДОГОВОРИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Република Македонија има потпишано договори за заштита на инвестициите со следните земји: Албанија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Австрија, Германија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Унгарија, Чешка, Полска, Украина, Шведска, Финска, Русија, Народна Република Кина, Малезија, Република Кореја и Индија.
Во процесот на ратификација се договори со: Арапската Република Египет, Иран и Белорусија. Преговорите со следниве земји се завршeни и се очекува договорите да бидат потпишани во најкраток можен рок: Грција, Велика Британија, Узбекистан, Данска, Оман, Словачка и Кувајт.

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ

Република Македонија има склучено договори за избегнување на двојното оданочување со следните земји: Албанија, Австрија, Белорусија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Данска, Египет, Естонија, Велика Британија, Унгарија, Иран, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Германија, Финска, Франција, Унгарија, Мароко, Молдавија, Холандија, Народна Република Кина, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Украина, Тајван, Република Кина, Турција и Катар.