ТУРСКАТА КОМПАНИЈА МУРАТ ТИЏАРЕТ ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 2

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и директорот на компанијата Мурат Тикарет, Шахан Мурат Гора, денеска потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Компанијата планира да вложи 7 милиони евра и да вработи 500 лица во фабрика со површина од 6.000м². Во период од 10 години, компанијата има намера да го прошири својот капацитет до приближно 18.000м ².

“Географската положба на Република Македонија, односно близината до Европската Унија, квалификуваната работна сила, позитивниот пристап на Владата и новиот пакет мерки за државна помош подготвени од Владата беа фактори кои придонесоа за одлуката на компанијата да инвестира во Република Македонија, рече г-дин Гора.

Компанијата ќе работи во Македонија под името „Мурат ваеринг системс“ (Murat Wiring Systems). Првата фаза од инвестицијата се очекува да започне во февруари 2018 година, а фабриката се очекува да почне со работа во декември 2018 година.