WORLD FZO’s 5ta МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА И ИЗЛОЖБА 2019

Tим на Дирекцијата за ТИРЗ предводена од директорот Александар Младеновски, оваа година е дел од AICE 2019 –Петтата меѓународна конференција за слободни зони во организација на Светската организација на слободни зони (WFZO) која штo се одржува во Барселона, Шпанија, од 26-29 јуни. Настанот ги истакна директните придонеси кои слободните зони ги имаат во зајакнувањето на трговското движење и растот на економските активности ширум светот.

На оваа конференција беа идентификувани главните теми со кои треба да се соочат слободните зони за нивни напредок и соочување со предизвиците што ги носи иднината .

Под сеопфатната тема, Free Zone 4.0 meets Economy 4.0, петтиот AICE се осврна на решенија за борба против нелегалната трговија во слободните зони и се презентираа алатки за мерење и следење на просперитетот во слободните зони низ целиот свет. Настанот, исто така, ги испита предизвиците покренати од е-трговијата, го истражи влијанието на промената на политичкиот пејзаж врз активноста на слободната зона и ги процени начините за зајакнување на глобалниот синџир на вредности преку слободните зони и пошироко. AICE, исто така, беше домаќин на големи пленарни сесии, панел дискусии, како и паралелни работилници и голема изложба на слободни зони од целиот свет.

На панели за дискусија членови од оваа организација споделуваа знаења и искуства со раководењето на слободните зони во светот. Се дискутираше за мрежно поврзување со клучните меѓународни донесувачи на одлуки кои имаат влијание врз бизнисот, трговијата и инвестициите, за важната улога што ја имаат слободните зони во поддршката на глобалните снабдувачки и вредносни синџири.

Свое излагање на тема, мерењето на резултатите кои тешко се квантифицираат во слободните зони, имаше директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски. Оваа тема се наметна со цел слободните зони да ги подобрат своите интерни процедури и процеси, но и да го покажат нивното ефективно влијание врз домашната економија.