ЗА НАС

2000
Август

Основана од Владата на Република Македонија

Основана од Владата на Република Македонија во aвгуст 2000

2002
ЈАНУАРИ

Официјално започнува со работа

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони фицијално започнува со работа во јануари 2002 година.

2006
ГОДИНА

Забрзување на глобалниот економски прогрес на Република Македонија.

Во текот на 2006 година, со натамошна имплементација на стратегијата за брз економски развој промовирана од страна на Владата на Република Македонија, влезот на странски директни инвестиции беше поставен како врвен приоритет, со што Технолошко-индустриските развојни зони добија главна улога во забрзувањето на глобалниот економски прогрес на Република Македонија.

2006
ОКТОМВРИ

ПРВ КОРИСНИК

На 5-ти октомври 2006 година, беше поставен камен темелник на новата фабрика на Џонсон Контролс, како прв корисник на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Проектот беше комплетиран и пуштен во употреба при крајот на 2007 година.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Македонија, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во Република Македонија. Владата на Република Македонија има основано четиринаесет Технолошко-индустриски развојни зони кои се наоѓаат во различна фаза на изградба. Технолошко-индустриски развојни зони Скопје 1, Скопје 2 и Штип се целосно оперативни, додека за ТИРЗ Тетово е потпишан Договор за јавно-приватно партнерство со меѓународна компанија. Паралелно, Дирекцијата за ТИРЗ работи на развојот на единаесет Технолошко-индустриски развојни зони на територијата на Република Македонија, со цел да се постигне рамномерен економски развој во целиот регион.

Во согласност со својот концептот и мисијата, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се стреми Македонија да прерасне во меѓународен бизнис центар на Југоисточна Европа со понуда на инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко.

100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко. Должност на Дирекцијата за ТИРЗ е да воспостави сервисен центар во секоја Технолошко-индустриска развојна зона, преку кој административните одделенија на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставите на Царинската управа на Република Македонија пружаат административни консултации и услуги и ефикасно царинење за инвеститорите во Зоните. Дирекцијата за ТИРЗ го превзема развојот на Зоните како своја горда мисија при што се раководи според потребите на инвеститорот и во пракса се стреми кон подигнување на квалитетот на услугите на највисоко ниво, сè со цел да се осигура успехот на инвеститорот.

Почитувани Инвеститори,

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е основана од страна на Владата на Република Македонија врз основа на концептот за слободни економски зони, широко распостранет во светот, со цел создавање на најефикасна бизнис клима во Југоисточна Европа и пошироко. Како резултат на поволностите кои се нудат на инвеститорите преку овој проект, Република Македонија е позната како “New Business Heaven of Europe”.

Покрај даночните и царинските ослободувања кои се вообичаени за слободните економски зони во светот, Република Македонија оди чекор понапред и нуди дополнителни стимулации и поволности за развој на ТИРЗ. Владата на Република Македонија дава посебни погодности за мултинационалните компании кои започнуваат нова инвестиција или пренесуваат дел од нивните деловни активности во Технолошко-индустриските развојни зони во Република Македонија, со партиципација во трошоците за градење во висина до 500.000 евра.

Технолошко-индустриските развојни зони се екстериторијални и во нив важат посебни царински, трговски и финансиски прописи. При влез и излез на стоките во ТИРЗ се скратува потребната документација и останатите царински формалности кои во спротивно би одземале пари и време.

Се надеваме дека нашата веб презентација ќе Ви помогне да се запознаете со основните факти за нашите Технолошко-индустриски развојни зони и ќе Ви ги објасни предностите за отпочнување на бизнис токму во Зоните на Република Македонија. Ви стоиме на располагање и се надеваме дека ќе ја донесете вистинската одлука и ќе станете Корисник на некоја од Технолошко-индустриските развојни зони на Република Македонија.

 

Со почит,

Александар Младеновски, Директор