ЧПП

ЧПП

Што е ТИРЗ ?

“Технолошка индустриска развојна зона” (ТИРЗ) е дел од територијата на Република Македонија како дел од царинско подрачје, одвоен од останатиот дел од царинското подрачје, посебно ограден и означен простор што претставува функционална целина во која се вршат дејности под услови пропишани со Законот за ТИРЗ и друг закон и во кој важат царинските и даночните погодности утврдени со Законот за ТИРЗ и друг закон. Технолошката индустриска развојна зона се формира заради развој на високо пропулзивни и современи технологии со воведување на економски профитабилно производство и ефикасна употреба на ресурсите со примена на највисоки еколошки стандарди. Технолошката индустриска развојна зона е слободна зона од аспект на царинските и даночните закони.

Како да регистрирам компанија и колку време е потребно за регистрација?

Компанија се регистрира со посета на една канцеларија и со вработување на само едно лице. Можете да регистрирате компанија за само 4 часа.

Кои видови на дејности можат да се вршат во ТИРЗ ?

Технолошко-индустриските развојни зони се основани со цел во нив да се одвиваат чисти, експортно-ориентирани високо-технолошки производствени процеси. Подетални информации за дозволените дејности што можат да се вршат во ТИРЗ можете да најдете во член 35 став 1 во Законот за ТИРЗ поставен на нашата веб презентација.

Дали може мојата компанија да биде сместена надвор од ТИРЗ и да ги користи поволностите кои ги нуди Законот за ТИРЗ ?

Поволностите за компаниите кои ги нуди Законот за ТИРЗ ги користат исклучиво компаниите кои оперираат во рамките на физичките граници на ТИРЗ.

Дали можам слободно да ги трансферирам парите надвор од земјата ?

Да. Нема забрани од надлежните органи за движење на капиталот.

Дали влезот во ТИРЗ е слободен ?

Влезот, движењето и излезот во и од ТИРЗ се контролира од страна на чуварската служба на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставата на Царинската управа во ТИРЗ.

Каде се обавуваат царинските формалности при увоз/извоз на стока во/од ТИРЗ ?

Сите царински формалности при увоз/извоз на стоки во/од ТИРЗ се обавуваат во самата Зона со што се избегнува запирање на превозните средства на граничните премини при увоз/извоз на стоки.

Каде се наоѓа канцеларијата на Царинската управа во ТИРЗ Скопје 1 ?

Канцеларијата се наоѓа во административната зграда веднаш до главната капија на ТИРЗ Скопје 1.

Каква документација треба да се поседува при внесување или изнесување на стока?

При внесување или изнесување на стока за крајна потрошувачка се поднесува пополнет Прилог за внесување/изнесување на стока кој можете да го најдете на нашата почетна страница од web презентацијата, во секцијата Обрасци, или на главниот влез во ТИРЗ.

Дали е дозволен влез на бизнис-посетители во мојата фабрика во ТИРЗ ?

Дирекцијата за ТИРЗ на бизнис-посетителот му издава бесплатна легитимација за влез во ТИРЗ.

Како да дојдам до македонска работна сила потребна на мојата компанија ?

Во Република Македонија постојат многубројни агенции за вработување. Дирекцијата за ТИРЗ исто така може да обезбеди контакт информации на Ваше барање.

Со кого можам да соработувам за потребите на мојата компанија ?

Универзитетите во Македонија се отворени за соработка со странските компании преку креирање и имплементација на кастомизирани тренинг програми. Дирекцијата за ТИРЗ исто така може да обезбеди контакт информации на Ваше барање. Исто така тренинг програмите можат да се имплементираат и во соработка со агенции за вработување и обука.

Дали можат да се вработат странци во компанија која оперира во ТИРЗ ?

Можете да вработите луѓе од било која земја.

Дали вработените во ТИРЗ можат да користат приватни превозни средства со кои ќе влегуваат зо Зоната ?

На барање на Корисникот од ТИРЗ, Дирекцијата за ТИРЗ издава годишна легитимација за влез на возилото во ТИРЗ.