Корисници

Џонсон Мети

Британската компанија Џонсон Мети е специјализирана хемиска компанија и светски лидер во технологија на современи материјали. Групата се фокусира на катализатори, скапоцени метали, фини хемикалии и технологија на процеси. 

Основни активности на Џонсон Мети се производство на автокатализатори, дизел-катализатори за тешки возила и  системи за контрола на загадување, катализатори и компоненти за електрични ќелии, катализатори и технологии за хемиски процеси, фини хемикалии, хемиски катализатори и активни фармацевтски состојки како и маркетинг, преработка и производство на скапоцени метали.

Џонсон Мети има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 10 000 луѓе. Нивните производи се продаваат на широк опсег индустрии со напредна технологии, низ светот.

Џонсон Мети ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за катализатори за контрола на емисии во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот. Инвестицијата изнесува 80 милиони евра, а бројот на вработувања во моментот изнесува над 300.

На 9 мај 2012 Џонсон Мети го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија, имено со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.  Оваа инвестиција изнесува 60 милиони евра и двојно ќе го зголеми тековното производството, а ќе креира 100 нови работни места. Инвестицијата е одговор на сé поголемата побарувачка на пософистицирани, комплексни катализатори, како и задоволување на цврстата европска легислатива за контрола на емисијата, која ќе стапи во сила во тек на следните неколку години. Оваа легислатива се однесува на лесни и тешки возила, како и на непатнички апликации како што е опремата за градежништво и земјоделство.