АРЦ Аутомотив

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја.

По неполна година од донесената одлука за инвестирање, поточно во декември, 2015 година ,,АРЦ Аутомотив’’ отвори  фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња  во Македонија, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција во вредност  од €15 милиони.

На почетокот од 2018 година бројот на вработени е 194 лица, а оваа бројка е планирано да достигне до 400 нови вработувања.

Компанијата е  извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. Фабриката поседува најмодерна опрема и високософистицирани производни линии со што е  предизвик за сите стручни кадри од Македонија кои ќе се пронајдат во нејзиното работење.