Акомпласт

Германската компанија „Акомпласт“  е специјализирана за пластично моделирање на автомобилски делови и користи најсовремена технологија. Oсвен во Германија, компанијата има фабрики во Англија и Чешка.

Во јануари, 2016 година  „Акомпласт“ постави камен –темелник за производство на автомобилски делови во Македонија лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци,  кај  Прилеп.

Во септември, 2017 година и официјално ја започна својата инвестиција во Технолошко- развојната зона Алинци, кај Прилеп, во износ од €3 милиони. Преку компанијата- ќерка „Инџекшн Молдинг- Прилеп“ го започна  производството на пластично моделирани делови за познати компании од автомобилската индустрија како што се Daimler, BMW, Audi, Bentley и Jaguar.

На почетокот од 2018 година бројот на вработени е 21 лице. Инвестицијата е планирано да  се прошири со нов погон со вкупно планирани  250 нови работни места.