Баумер

Реномираната швајцарска компанија ,,БАУМЕР” во 2018 година  донесе одлука да инвестира во Македонија, поточно во ТИРЗ Скопје 1 и  започна со изградба  на производствениот капацитет кој денеска  е во напредна фаза. Клучно  кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.
,,Baumer Holding AG” е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на елктрониката. ,,БАУМЕР ” е присутна со 38 подружници низ 19 земји од светот со над 2,700 вработени, а од 2018  година и во Македонија.
Висината на планираната инвестицијата ќе изнесува околу 9 милиони евра, со најавени од 300 – 350 нови вработувања во пет фази. Почетокот на производство се очекува да започне во првата половина на 2019 година .