Чагатај Кабло

Турската компанија „Чагатај Кабло “ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистачи и специјални аеродромски возила.

Во мај, 2017 година  освен фабрика во Турција,  „Чагатај Кабло “донесе одлука за изградба на нова фабрика во Македонија со вредност на инвестиција во висина од €6 милиони. Компанијата закупи парцела во ТИРЗ Скопје 1 со големина од 26.000 метри квадратни и веќе во септември, 2017 година започна со изградба на објектот. Почетокот на производство на оваа нова фабрика се очекува да започне во текот на 2018-та година.

Компанијата во Скопје доаѓа како добавувач на белгискиот производител на автобуси ,,Ван Хол“ кој што исто така е присутен во овој индустриски комплекс. Ова е значајно бидејки останатите  компании со странски капитал  во Македонија, пред се „Ван хол“, ќе набавуваат резервни делови од оваа фабрика, а нема да ги увезуваат од странство.

Значењето на изградбата на турската компанија, „Чагатај кабло“ во ТИРЗ Скопје 1 секако е најизразено  преку најавените нови вработувања, околу 300 лица во период од 5 години. На почетокот од 2018 година вработени се 17 лица.