ДУРА

Американската компанија  “DURA Automotive Systems” е глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот. Оваа компанија  со седиште во Мичиген е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји ширум светот. “DURA Automotive Systems” дизајнира и произведува иновативни високо интегрирани автомобилски компоненти за водечки производители на возила во Америка, Азија и Европа.

Во јуни,2018 година Компанијата донесе одлука да го го прошири своето производство со отворање на своја фабрика во Македонија,поточно во ТИРЗ Скопје 2 , која ќе се простира на површина од околу од 16.000 m², а според најавите на компанијата во летото 2019 година се очекува и нејзиното отпочнување со работа.
Кога ќе биде целосно екипирана, новата фабрика ќе вработува околу 500 вработени.

Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.

Новата фабрика на “DURA Automotive Systems” во Македонија ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та локација во Европа.