Гентерм

Американската корпорација „Гентерм” од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење  на седишта и управувачи, електроника и кабли. Производството на „Гентерм” се инсталира од страна на голем број автомобилски брендови како што се „Форд” , „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа”. Компанијата има производство во 11 земји и повеќе од 5.000 вработени низ целиот свет .

Откако во декември, 2012 година беше поставен камен-темелник на ТИРЗ Прилеп, веќе во декември, 2014 година „Гентерм” ја објави својата одлука за реализација на инвестицијата во оваа зона, а во јули 2016 компанијата официјално започна со работа.

Во првата фаза со инвестиција од €20 милиони  е изграден  производствениот погон на површина од 9.500 метри квадратни, на парцела со површина од 38.000 метри квадратни. Според проекциите на компанијата, планирано е зголемување на површината на производствениот погон на 22 000 метри квадратни кое ќе се реализира во понатамошните фази од инвестицискиот проект.

Во фабриката  се произведуваат делови за сите реномирани  производители на автомобили кои се наменети за европскиот пазар. Бројката на вработени на почетокот од 2018 година изнесеува  1.500 луѓе, а планирано е оваа бројка да достигне до 2.000 луѓе.