Aдиент

Американската компанија „Џонсон Контролс“ e глобален лидер во производство на автомобилски седишта, инструмент табли, и внатрешни ентериери.

На преку 240 локации во светот, преку 91.000 вработени, вклучувајќи преку 6.000 инженери и дизајнери, развиваат и произведуваат најширока палета на технологии и системи за ентериери за произведувачи на автомобили од секаков вид.

Во октомври 2016 година „Џонсон Контролс“ го објави новото име ,,Адиент’’ кое се однесува на нивната линија за производство на автомобилски седишта и внатрешен дизајн. Оваа промена е одлука на американскиот конгломерат да го оддели својот бизнис за производство на автомобилски ентерирери на глобално ниво и резултираше  со две независни компании ”Johnson Controls International plc’’ и ”Adient plc’’.

,,Адиент’’ е со седиште во Ирска. Корпоративните претставништа на ,,Адиент’’ се во Плимут, Милвоки и Висконсин (САД), Буршид (Германија), Шангај (Кина).

Со 75.000 работници во 230 фабрики во 32 земји во светот ,,Адиент’’произведува и дистрибуира седишта за автомобили за сите видови возила.

Во октомври, 2011 година ,,Адиент’’ го започна својот инвестициски проект за нова фабрика за навлаки за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата изнесува €20 милиони, а бројката на вработени на почетокот од 2018 година изнесува 2.122 лица.

Во јуни 2017 година, во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица беше  отворена уште една фабрика на американската компанија „Адиент“. Во фабриката, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува €20 милиони, а бројката на вработени на почетокот од  2018 година изнесува 1.327 лица.