Кемет

Американската компанија „КЕМЕТ” е со 85-годишна историја, со седиште и фабрика во Јужна Каролина, САД. Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Англија, Португалија, Финска, Шведска, Индонезија, Германија, Бугарија, Невада-САД и Македонија. „КЕМЕТ” поседува и две специјализирани компании за електроника и тоа „ФЕЛКО” во Чикаго-Илиноис и „Дектрон” во Шведска.

Во октомври, 2012 година, на парцела од 4.4 хектари, „КЕМЕТ” има изградено нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со површина од 10.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува €30 милиони  и истата е предвидено да отвори 500 работни места. На почетокот од 2018 година вработени се 285 лица. Во оваа фабрика „КЕМЕТ” произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации.