Костал

Германската компанија „Костал” е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи за големи индустриски производители. Компанијата е присутна на 42 локации во светот  на 5 континенти и брои персонал од над 18.000 луѓе.

Во декември, 2014 година, компанијата ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија. Според планот, компанијата започна  со производство во октомври, 2016 година, како  браунфилд инвестиција лоцирана  во поранешен ЕМО, во Охрид во производствени погони од околу 25. 000 метри квадратни. Клиенти на ,,Костал” се познати светски автомобилски брендови како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Rolls Royce, Bentley…

На почетокот од 2018 година вработени се 221 лице, а се очекува да се отворат до 1.000 нови работни местa. Во иднина се очекува значително проширување на производството и вкупна инвестиција од €70 милиони.