Корпорација Леар

Американската компанија ,,Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта  за автомобили и електрични дистрибутивни системи.

,,Леар Корпорејшн “ ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните  производи се застапени во повеќе од 350 видови  на возила. Производите на ,,Леар Корпорејшн “ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од стручен  тим кој брои околу 140.000 вработени, распределени во 36 земји.

Фабриката на ,,Леар Корпорејшн“ во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од  12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.

На почетокот од 2018 година бројот на вработени  во ,,Леар корпорејшн“  во Македонија изнесува 1390 лица, а преку планирана експанзија од дополнителни 8.000 квадратни метри оваа бројка  планирано е  да достигне до 3.000 вработувања.