Медитер шок апсорберс (МСА)

,,Монтанте груп” е една од првите три компании во Европа за производство на високо софистицирани амортизери за возови, шински возила, камиони и  автобуси. Мултинационалната италијанска компанија има 2.300 вработени и годишен обрт од €800 милиони.

Во декември, 2015 година беше објавено дека започнува изградбата на фабриката на италијанската ,,Мотанте груп” во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик, со првична инвестиција во вредност од €10 милиони  и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми до 400. Оваа компанија во Македонија функционира под името „Јуроп шок апсорберс“, а производствениот капацитет на површина од 49.000 метри квадратни,  лоциран во ТИРЗ Скопје 1  е во финална фаза на изградба, по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени.

Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија со позитивен импакт на ноу-хау и затоа мора да се обрне  големо внимание на обуката на луѓето.