Ван Хол

Повеќе од 65 години белгиската компанија „Ван Хол” ужива висока репутација за дизајнирање и производство на високо-квалитетни и современи возила.

„Ван Хол” произведува во просек  1.400 автобуси и приколки и околу 4.000 останати комерцијални возила годишно од кои 80% се извезуваат во целиот свет. Со работна сила преку 4.000 вработени „Ван Хол” е еден од најголемите производители на автобуси во Европа кој нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар.

Белгиската компанија „Ван Хол” во јули 2012 година, го потпиша договорот за инвестирање во  Македонија, а во 2014 година започна со работа во производствениот погон со површина од 39 000 метри квадратни, лоциран во ТИРЗ Скопје 2. Со ова инвестицијата на „Ван Хол” во Македонија е прва  стратешка  инвестиција во производствен капацитет на компанијата надвор од Белгија. Оваа првична инвестиција е во висина од €25 милиони, со вработени 800 лица.

Со реализацијата на оваа инвестиција, односно со присуството на белгискиот производител на автобуси во ТИРЗ Скопје 2, за првпат се извезува готов производ, технолошки високософистициран на високософистицирани пазари, кој го носи знакот ,,Произведено во Македонија.

Во мај, 2016 година „Ван Хол” на истата локација во ТИРЗ Скопје 2 инвестираше во нов производствен погон со инвестиција во вредност од €15 милиони , со нови 400 вработувања. Инвестицијата се спроведува во три фази. Во првата фаза од септември, 2016 година  предвидено беше да се се заврши магацинот. Во втората фаза во април, 2017 година беше  предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август, 2017 година беше изградена дополнителна комора за фарбање автобуси.

Вкупниот број на вработени  во ,,Ван Хол’’на почетокот од 2018 година  изнесува околу 1.220 лица.