Аптив

Американската компанија „Делфај“ е водечки глобален снабдувач за автомобилскиот и пазарот за комерцијални возила. Таа е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над €17 милијарди . Има 146 илјади вработени низ целиот свет со 126 производствени погони и оперативна е во над 33 земји.

Во март, 2017 година овој овој американски автомобилски гигант го подели својот бизнис на две независни компании: ,,Делфи Технологии” и ,,Аптив”. ,,Делфај’’ преименува дел од својот бизнис кој е фокусиран на автоматизирано возење и електрификација, нарекувајќи го новиот ентитет ,,Аптив”,  со што го формализираше одвојувањето на тој аспект на својата компанија од делот фокусиран на повеќе традиционални мотори.

Во декември, 2015 година ,,Аптив” донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонијаа, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на  најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка  со другите капацитети на Делфај во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите.

–,,Делфај’’е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем. Капацитетите во Македонија ќе помогнат во остварување на оваа цел,во 2015година,  рече Луси Тоскани, поранешен глобален оперативен директор на ,,Делфај’.

Вредноста на оваа инвестициија изнесува €15 милиони, со 500 вработувања во Македонија.