Џојсон Сејфти Системс

Американската компанија за сигурносни производи ,,Џојсон Сејфти Системс ” (ЏСС) позната како поранешен „Ки сејфти системс” (КСС) е глобален добавувач на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи. ЏСС е светски лидер во дизајн, развој и производство на механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси. ЏСС е со седиште  во Мичиген, САД со меѓународна мрежа од 34 продажни, проектантски и производствени капацитети кои вработуваат околу 9.000 луѓе низ целиот свет.

Во 2014 година, ЏСС ја одбра Македонија за проширување на своето производство во Европа. Компанијата во 2015 година започна со работа во постоечки објект во Кичево како браунфилд инвестиција и од 2016 година  продолжи со производство во гринфилд објект со површина од 13.600 метри квадратни во Технолошко-индустриската развојна зона Кичево. Оваа компанија е првиот домаќин на зоната, но и прва поголема инвестиција во градот и во регионот.

Големината на инвестицијата е во вредност од €15 милиони. На почетокот од 2018 година вработени се 1.426 луѓе, а планирано е оваа бројка да достигне до 2.000 луѓе.