Кондево

Италијанската компанија „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски реномирани производители на бојлери. Компанијата нуди широк спектар на компоненти кои ги задоволуваат најсовремените технички услови и концепти во овој сектор. „Кондево“ е присутен на европскиот пазар од 1969 година.
Во септември, 2015 година, италијанската компанија „Кондево“ започна да ја гради својата нова фабрика во Македонија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Големината на инвестицијата изнесува €40 милиони. Ова вложување треба да резултира  со отворање на 250 работни места во наредните 5 години. На почетокот од 2018 година во ,,Кондево’’вработени се 12 лица.