ОДВ Електрик

Германската компанија „ОДВ Електрик” има долгогодишно искуство во производство на автомобилски компоненти и е иновативна компанија за развој и добавувач на високо-квалитетни кабли, соленоиди и механичко-електронски системи .Компанијата развива технологии и има свое производство во четири европски локации  и тоа Германија, Унгарија, Украина и Македонија, со персонал од над 2.000 вработени.

Во септември 2017 година „ОДВ Електрик” официјално ја отвори  фабриката во Македонија, лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона помеѓу градовите Струга и Охрид.

Паралелно со изградба на овој објект во зоната, „ОДВ Електрик”, уште од 2014 година, работеше во адаптиран браунфилд објект во Охрид, каде се одвиваа подготовките за производтство на кабли и електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови како Порше, Мерцедес, Фолсваген и БМВ.

Со инвестиција од €5 милиони, новиот  производствениот погон во Зоната, се простира на површина од 4,5 илјади метри квадратни каде на почетокот од 2018 година работат  307 лица. Во иднина објектот е предвидено да се простира на површина од 10 илјади метри квадратни со целокупната вредност на инвестицијата од €15 милиони  и со планирани 1.200 вработувања за жителите од Охрид, Струга како и од соседните општини. Покрај вработените, бенефит ќе имаат и голем број на домашни компании од металната индустрија но и услужни дејности како призводство на храна, обезбедување и логистика.