Техникал текстајлс

„Техникал текстајлс” е германски производител на фиберглас кој се користи во автомобилската и авионската индустрија, во производството на ветерници и бродови, како и изолациони материјали за градежништво. Компанијата има четири производствени капацитети и тоа во Германија, Словачка и Кина, а фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона Штип е петтата фабрика на „Техникал текстајлс”со површина од 13.000 метри квадратни .

Фабриката во Македонија започна со производство во август, 2015 година, каде се произведува фиберглас кој има широка примена во градежната, автомобилската и бродската индустрија.

Германската компанија ја избра Македонија како дестинација за инвестиција во конкуренција со Абу Даби.

На почетокот од 2018 година бројот на вработени е 142 лица.  Големината на инвестицијата изнесува €12 милиони  со планирана бројка, за новоотворени работни места, да стигне до 500 лица.