Џонсон Мети

Британската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.„Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12,000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

„Џонсон Мети” ја избра Македонија како дестинација за својата Eвропска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот и важи за најголем извезувач од Македонија .Инвестицијата изнесува €80 милиони, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.

Во мај,  2012 година  „Џонсон Мети” го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Оваа инвестиција изнесува €65 милиони, која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше  над 500  нови работни места.

Со проширувањето вкупниот број на вработени на почетокот од 2018 година изнесува 878 лица.