Мурат Тикарет

Во јули, 2018 година,  турската компанија „Мурат Тиџарет“  започна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2 и најави инвестиција од  7 милиони евра . Објектот ќе се  гради во три  фази  и планирано е да се простира на површина од 18.000 м2, со предвидена прва фаза од 6.200 м2 објект . Ќе произведува кабли  и електрични инсталации за автомобилската индустрија. Производите ќе бидат наменети за европскиот и американскиот пазар.

Компанијата е основана во 1969 година и  има операции во Европа, Кина, Северна Америка, неколку фабрики во Турција, Кина, Мексико со вкупно вработени 2000 луѓе. Во најновата фабрика во Македонија планира да отвори 500 нови работни места.