Витило групација

Италијанската индустриска групација „Витило’’ е присутна во Македонија во ТИРЗ Скопје 1 како „Витек Македонија“ (Технохозе),  од 2011 година. Основна дејност на компанијата е  производство на хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за автомобилската и други индустрии, а производството од Македонија е наменето за цела Европа, земјите на заливот и Америка.

Во првата фаза „Витило’’ во Македонија инвестираше €10 милиони.

На почетокот од 2016 година во ТИРЗ Скопје 1 беше  отворен и вториот производствен погон со инвестиција вредна €11 милиони.

Вкупниот број на вработени во „Витек Македонија“ на  почетокот од 2018 година изнесува 120 луѓе, а планирано е вкупно бројката да достигне околу 300 луѓе .