ВИК

Групацијата „ВИК“ е семејна германска компанија за производство на електрични апарати со седиште во Есен и во Хонг Конг, каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата има 6.000 вработени со 350 инженери.

Во ноември, 2016 година е донесена одлука да инвестира во  Македонија, а во конкуренција со Романија, Украина и Србија .

Во јули, 2017 година  „ВИК“  започна со изградба на производствен капаците во ТИРЗ Прилеп со цел производство на  електрични апарати. Целото производство е наменето за извоз во Европа.

Капацитетот е на површина од 10.000  квадратни метри. Инвестицијата во првата фаза изнесува €12 милиони во изградба на објектот, за опремата и машините со предвидени 1.200 вработувања. Во план се и втора и трета фаза.

На почетокот од 2018 година вработени се 11 лица.