Упатство за Внесување и Изнесување на Стоки

Упатство за внесување/изнесување на стоки во ТИРЗ

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони води евиденција за влез и излез на стоки во ТИРЗ.

Во ТИРЗ Скопје 1, покрај службите на ТИРЗ се наоѓа испостава на Царинската управа на Р. Македонија, шпедитерски компании, испостава на Македонска пошта и филијала на банка со што се овозможува сите административни активности да се завршат на едно место (one-stop-shop).

Чекор 1. Вагарска белешка

При влез или излез на стоки во ТИРЗ задолжително се мери транспортното средство при што вагарскиот службеник на ТИРЗ издава белешка од мерењето во три примероци. Мерењето на секое транспортно средство се врши два пати: првпат при влез во ТИРЗ и вторпат при излез од ТИРЗ.

Чекор 2а. Потребни документи за домашна стока

Покрај горенаведената вагарска белешка треба да се поднесат и следните документи:

– Оригинална фактура во три примероци

– Прилог 1 (при увоз)-Запис од евиденција за внесување или Прилог 2 (при извоз)-Запис од евиденција за изнесување од ТИРЗ

Напомена: Прилогот задолжително се пополнува електронски и истиот треба да биде печатиран и потпишан од овластено лице.

Чекор 2б. Потребни документи за странска стока

Покрај горенаведената вагарска белешка треба да се поднесат и следните документи:

– Фактура, ЕЦД (Единствен царински документ), Електронска транзитна документација (англ. MRN-Movement Transit Number) и останати транспортни документи

Чекор 3. Предавање на документација

Сите горенаведени документи од Чекор 1 и Чекор 2 се предаваат во административната зграда на ТИРЗ каде што службата на ТИРЗ изготвува Запис за влез во ТИРЗ или Запис за излез од ТИРЗ. На крај, целокупната докуменатација се предава на Царинската испостава во ТИРЗ за комплетирање на постапката. За дополнителни информации можете да се јавите на телефонскиот број 02/2 552 001, секој ден освен недела, од 08:00 до 20:00 часот.

 

Правилник за задолжителни податоци за евиденција во ТИРЗ

 

Прилозите за увоз/извоз можете да ги превземете на следните линкови:

ПРИЛОГ 1 – Образец ЗЕВЗ-ДС

ЗАПИС ОД ЕВИДЕНЦИЈАTA ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ДОМАШНИ СТОКИ/ ДОБРА ВО ЗОНА ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕТ НА СТОКИ/ДОБРА

 

ПРИЛОГ 2 – Образец ЗЕИЗ-ДС

ЗАПИС ОД ЕВИДЕНЦИЈАTA ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ НА ДОМАШНИ СТОКИ/ДОБРА ОД ЗОНА ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕТ НА СТОКИ/ДОБРА

 

ПРИЛОГ 3 – Образес ЗВ/И-СС

ЗАПИС ОД ЕВИДЕНЦИЈАTA НА ОСНОВАЧОТ НА ЗОНА ЗА ВНЕСУВАЊЕ /ИЗНЕСУВАЊЕ НА СТРАНСКИ СТОКИ/ДОБРА ОД/ВО ЗОНА

 

ПРИЛОГ 4 – Образец ЗЕВЗ-СС

ЗАПИС ОД ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА СТРАНСКИ СТОКИ/ДОБРАТА ВО ЗОНА

 

ПРИЛОГ 5 – Образец ЗЕИЗ-СС

ЗАПИС ОД ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ НА СТРАНСКИ СТОКИ/ДОБРА ОД ЗОНА