Корисници

Џонсон Контролс

Џонсон Контролс е амириканска компанија која снабдува клиенти во повеќе од 150 земји во светот со глобална продажба од 40,8 милијарди американски долари во фискалната 2011 година. Седиштето на компанијата се неоаѓа во Милвоки, САД.

162 000 вработени на повеќе од 1 300 локации на Џонсон Контролс низ светот креираат квалитетни производи, услуги и решенија за оптимизирање на енергетската и оперативната ефикасност на зградите, акумулатори за автомобилската индустрија за хибридни и електрични возила, како и ентериерни системи за автомобилите.

Во 2011 година, Џонсон Контролс го освои првото место на "Corporate Responsibility Magazine" во листата на “100 Best Corporate Citizens”. Џонсон Контролс е бр. 67 на листата "U.S. Fortune 500" и бр. 251 на листата "Global Fortune 500". Според UNCTAD World Investment Report 2011, Џонсон Контролс се вбројува меѓу “TOP 10 auto parts contract manufacturers”, додека во фискалната 2010 година најголеми клинти на компанијата се Ford Motor Company, General Motors (GM) и Daimler.

На 12 декември 2007 година започна со комерцијално производство фабриката на Џонсон Контролс Македонија во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Инвестицијата изнесува 40 милиони американски долари, додека бројот на вработени во моментот е над 300 и се очекува да достигне 500 до 2013 година. Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 произведува компоненти за инструмент-табли за автомобилска индустрија.

На 17 октомври 2011година,  Џонсон Контролс го основа својот втор инвестициски проект во Македонија. Инвестицискиот проект од околу 20 милиони американски долари ќе се реализира во Технолошко-индустриската развојна зона Штип и ќе креира 1 400 работни места. Фабриката ќе биде специјализирана во производство на покривки за автомобилски седишта и се очекува во рок од една година да започне да снабдува европски клиенти.