ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАТЕ

Даноци, царини и други стимулации

  • 10 ГОДИШНО ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ – Инвеститорите во ТИРЗ имаат право на 10-годишно ослободување од плаќање на данок за добивка и корпоративен данок и 100% намалување на персоналниот данок на доход за период до 10 години. Инвеститорите се ослободени од плаќање данок на додадена вредност за увоз и промет на стоки во слободните зони. Дополнително, инвеститорите се ослободени од плаќање на царински давачки за опрема, машини и резервни делови.

 

  • Земјиштето во ТИРЗ се дава под долгорочен закуп на период до 99 години.

 

  •  Инвеститорите се ослободени од плаќање комунални такси.

 

  • Бесплатен приклучок на гасоводна, водоводна и канализациона мрежа.

 

  • Владата на Република Македонија може да го поддржи растот на капиталните инвестиции и приходите со поврат на 10% од инвестициските трошоци во нови машини и опрема, или инвестиции во објекти и земјиште до максимум од €1 милион во период од 5 години.

Компаративни Предности

ЦАРИНА
СТОКИСТАПКА ВО ТИРЗСТАПКА НАДВОР ОД ТИРЗ
Опрема, машини и резервни делови0%5% – 20%
ДАНОЦИ
СТОКИСТАПКА ВО ТИРЗСТАПКА НАДВОР ОД ТИРЗ
Данок на добивка0% до 10 години10%
Персонален данок на доход0% до 10 години10%
Данок на додадена вредност0%18%
Акциза0%5% – 62%

На следниот линк можете да го симнете неофицијалниот консолидиран Закон за технолошки индустриски развојни зони:

Закон за технолошки индустриски развојни зони