Активна поддршка на странските инвеститори – директорот Димовски дел од 10 годишниот јубилеј на Маркарт во Македонија
Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на 10 годишниот јубилеј од постоењето на фабриката на германската компанија Маркарт во Македонија. На настанот присуствуваа претставници на Владата, Собранието, локалната самоуправа, како и бизнис заедницата.
Димовски упати честитки до раководството на компанијата, нагласувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за подобрување на деловната клима во Македонија. Иако компанијата не е дел од ТИРЗ, тој истакна дека како институција, Дирекцијата секогаш е подготвена да ги поддржи странските инвестиции кои носат додадена вредност во целокупната национална економија.
Германската компанија Маркарт е глобален лидер во производството на мехатронски системи и електромеханички компоненти за светски познати компании и големи брендови. Со најсовремена мехатроника и сензорска технологија, компанијата брои 10.000 вработени на 22 локации низ целиот свет, а во Македонија е присутна во индустриската зона Долно Караслари, каде важи и за најголем работодавач во областа на Велес.
Присуството на вакви настани е доказ за новиот концепт на Дирекцијата за ТИРЗ, заснован на целосна транспарентност, отворена комуникација и континуирана поддршка на странските инвеститори сѐ со цел зголемување на конкурентноста на Македонија на мапата на странски директни инвестиции.