Директорот Димовски успешно ги претстави можностите за инвестирање пред бизнис заедницата на Казахстан
Во организација на Меѓународниот финансиски центар Астана (AIFC), директорот Димовски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на тркалезна маса каде беа претставени инвестициските можности кои ги нуди Македонија. На настанот присуствуваа бројни претставници од комората за меѓународна трговија на Казахстан.
Димовски во свое обраќање успешно ги претстави инвестициските можности кои ги нудат технолошко индустриските развојни зони. Беше посочена поволната деловна клима, местоположбата на Македонија, квалификуваната работна сила, како и даночните ослободувања.
Дополнително, Димовски ја нагласи стратешката важност на соработката со Централна Азија, потенцирајќи ја улогата на Македонија како мост меѓу Европа и пазарите на Истокот, при што беше искажан интерес за соработка од страна на присутните.
Меѓународниот финансиски центар Астана (AIFC), основан во 2018 е динамичен финансиски центар за иновации и раст, рангиран како финансиски центар број 1 во Источна Европа и Централноазискиот регион.