Камен темелник на ТИРЗ Делчево

Почна изградбата на ТИРЗ Делчево која се простира на површина од 20,83 хектар, составена од 8 парцели. Се наоѓа северо-источно од градот Делчево во непосредна близина на регионалниот пат делница Делчево-Габрово- граничен премин кон Бугарија на оддалеченост од 10 километри, 170 километри од аеродромот Александар Велики во Скопје и 138 километри од граничниот премин Богородица. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански. Зоната ќе има и соодветен патен приклучок, а од особена важност ќе биде и надградбата на магистралниот пат што води кон Бугарија.. Локацијата се наоѓа во најисточниот дел на Македонија во непосредна близина на граничниот премин кон Бугарија и ќе нуди вработување за жителите од овој регион.