Деспотовски: Доста се делат инвеститорите на ваши и наши – вложуваме во заедничка иднина за сите

„Како што при вработувањето во компаниите од ТИРЗ не се делиме на Македонци, Албанци или Турци, нашите политички опоненти мора да престанат да ги делат инвеститорите во зоните на „ваши и наши“ и да им ставаме чија било партиска боја. Додека се расправаме за тоа што е и чие е, времето поминува, ание ќе тапкаме во место,  додека младите и понатаму ќе се иселуваат. Државата и инвестициите не се на членови на политички парти, државата е на сите и со вложување во инвестиции вложуваме во иднината на десетици илјади наши сограѓани“, изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ, во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

За мене, а верувам и за секој човек, многу поважно е што успеавме да ги поттикнеме компаниите да исплаќаат повисоки плати, рече Деспотовски.

„Само за пример, компанија Леарво ТИРЗ Тетово која денеска започна втор инвестициски циклус, во 2020 година исплатила 22% повисоки плати во однос на претходната година, а за новиот инвестициски циклус веќе преговараме за мерки со кои ќе поттикнеме значително зголемување на платите. Како ТИРЗ и како Влада покажавме дека имаме способност да го искористиме инвестицискиот потенцијал на актуелните инвеститори и на идните. Со овој нов пристап обезбедуваме подобар живот буквално за сите“, посочи Деспотовски.

Тој смета декапромената во економскиот модел на поттикнување инвестиции се огледа во тоа што примарно за оваа Влада се реалните ефекти од вложувањата за граѓаните и државата, а не да биде поважно сликањето и сечењето ленти.

Заврши времето на евтина работна сила, истакна Деспотовски на Телма, акако земја не може да си дозволиме да се однесуваме повеќе на тој начин.

„Ние не сме држава на евтина работна сила. Немаме луѓе за извоз, а ако конечно сакаме да престанеме да ги извезуваме луѓето, тоа може да го оствариме само со паметен пристап во делот на конкурентноста. Не гледам зашто треба да трчаме по инвеститори кои вработуваат по 2000-3000 вработени ама даваат 15 илјади денари плата, наместо да се фокусираме на други кои ќе вработат помалку вработени а ќе даваат многу поголема плата.“ изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во неговото гостување на „Топ Тема“ на Телма ТВ.

Директорот на ТИРЗ посочи дека само во само во првите четири месеци од годинава веќе се потпишани 5 договори со нови и актуелни инвеститори, а веќе се преговара со повеќе компании за обем на инвестиции кој веќе достигна над 300 милиони евра.