Ипротекс е германска компанија од автомобилската индустрија која донесе одлука да инвестира во ТИРЗ Скопје 1, Република Северна Македонија.

Компанија Ипротекс и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, на 20 јануари ,2021 година  го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 5 милион евра и отворање  на минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1.

Во Фабриката на ТИРЗ Скопје 1 оваа компанија планира преселба на делови на производството вклучително и технологија од Германија во Северна Македонија. Ипротекс во ТИРЗ Скопје 1  ќе започне со воведување на нова технологија, поточно ќе се воведе производствена линија за екструзија на монофиламенти .Ова е целосно нова област во портфолиото на компанијата.

Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континентни, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациони материјали. Ипротекс во последно време работи на истражување и усовршување на некои нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија и исто така во поново време, минатата 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала.

За да пристапите на веб страната на Ипротекс кликнете овде.