Макдиа

Италијанската компанија „Диатек” е светски лидер во индустријата за машини за печатарска индустрија. Покрај производствените капацитети во Италија компанијата има свои погони и во Германија, Швајцарија, Франција и САД. Преку своите шест производствени капацитети во светот „Диатек” има годишен обрт од €200 милиони и вработува вкупно 800 луѓе.

Во септември, 2015 година „Диатек” на површина од 2.500 метри квадратни изгради фабрика во Македонија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.

Големината на оваа инвестиција изнесува €10 милиони, а бројот на планирани вработувања треба да достигне до 200 луѓе. На почетокот од 2018 година бројот на вработени е 25 луѓе.

Производството е наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.