Гересхајмер

На почетокот на 2019 година реномираната германска компанија од фамацевската индустрија „Гересхајмер“ донесе одлука да  реализира инвестиција во нова фабрика, во ТИРЗ Скопје 2, а веќе во Октомври истата година го потпиша  договорот за закуп на земјиште.

Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО.

„Гересхајмер“ само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број, за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Со производство, кај нас, стартуваше во април 2020 година.

Германскиот „Гересхајмер“, со седиште во Дизелдорф е глобален лидер во производство на пластичнa и стакленa медицинска амбалажа.

Компанијата има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка во кои работат околу 10.000 лица и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.

 

За да пристапите на веб страната на „Гересхајмер“  кликнете овде.