ГЕС

Германската компанија „ГЕС ГмбХ“е производител на високо-квалитетни и енергетски ефикасни ЛЕД диоди. „ГЕС ГмбХ“ е активен на ова поле уште од раните денови на ЛЕД развој, инвестирајќи во патенти, сертификати и свои производствени капацитети за ЛЕД осветлување.

Во јануари, 2016 година „ГЕС ГмбХ“ донесе одлука да  го прошири своето производство на Балканот, преку отворање на производствен погон и административна зграда на површина од 15.000 метри квадратни во Македонија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.

Големината на инвестицијатта изнесува  €15 милиони,  со планирани 200 нови работни места. На почетокот од 2018 година бројот на вработени во Македонија  е 12 луѓе.  Се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија. Примарен пазар на компанијата е Блискиот Исток,Европа во повеќе индустрии кои може да имаат придобивки од економично и еколошко осветлување.

Со силен тим за истражување и развој, одлична контрола на квалитетот и напредна опрема за производство, „ГЕС ГмбХ“ обезбедува на клиентите сигурни и високо-квалитетни производи со светски признат германски квалитет.