Џојсон Сејфти Системс

Џојсон Сејфти Системс , позната како Ки Сејфти Системс е Кинеска компанија која развива и произведува автомобилски сигурносни системи. Компанијата е резултат на соединување помеѓу КСС и Таката Корпорација откако Ки Сејфти Системс ја превзема Таката. Седиштето на компанијата е во Оберн Хилс, Мичиген, во Соединетите Американски Држави. Џојсон Сејфти Системс ја одбра Македонија во 2014 година за проширување на производството во Европа. Големината на инвестицијата изнесува 15 милиони евра, а компанијата првично ќе започне со производство на перничиња за воздушни перничиња и модули.

Глобалниот снабдувач на напредни автомобилски безбедносни системи и компоненти започнаа со работа во објект во Кичево како браунфилд инвестиција во 2015 година, а од 2016 година продолжи со производство во гринфилд објект во слободната зона Кичево на површина од 13,600m².

Џојсон Сејфти Системс е во сопственост на Нингбо Џојсон Електоник познат како Кинески автомобилски конгломерат кој ја превзема Ки Сејфти Системс во 2016 година. Компанијата е светски лидер во изработка, развивање и произведување на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси. На глобално ниво имаат интернационална мрежа со 34 продажни, дизајнирани и производствени објекти во кои се вработени околу 50.000 луѓе ширум светот.

На почетокот на 2018 година, 1.426 луѓе се вработени во слободната зона Кичево, а се предвидува оваа бројка да достигне и до 2.000 луѓе.