Пурпласт

Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во фебруари 2021 година  , го потпиша договорот за државна помош за реализација на инвестиција во ТИРЗ Скопје 2 . Во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица. Планирани се до крај на инвестицискиот циклус вкупниот број на вработени да достигне до  200 лица.

Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето  (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала-,технички  простории: вкупно 10.400 м2.

Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнерни на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели.), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).

За да пристапите на веб страната на Пурпласт  кликнете овде.