Американскиот Гентерм ја отвори фабриката во Прилеп

Американскиот Гентерм официјално ја отвори својата фабрика, инвестиција во вредност од 20 милиони евра, во Технолошко-индустриската развојна зона Прилеп. Фабриката во моментов има 450 вработени, а во следните неколку години се очекува бројот на вработени да достигне 2.000. Гентерм е глобален лидер во иновативни технологии за термичко управување на широка палета на производи за греење и ладење во автомобилската индустрија. Новата фабрика на американската компанија Гентерм ќе произведува делови за автомобилската индустрија за потребите на европскиот маркет.

“Со отворањето на фабриката Гентерм, слободната зона во Прилеп стана петтата функционална зона во Македонија заедно со зоните во Скопје, Кичево и Штип”, изјави Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Тој појасни дека оваа фабрика ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија во Европа.

“Во моментов, 450 луѓе работат во фабриката и се очекува тој број да се зголеми од сегашните 450 до 650 до крајот на годината.

Камен-темелникот за фабриката беше поставен во декември 2014 година.