МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО АВСТРИЈА И ГЕРМАНИЈА

Премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим го завршија роуд шоуто во Австрија и Германија. Задоволни од презентациите и поединечните средби одржани во Виена, Минхен и Дизелдорф. Очекуваат дел од компаниите со кои се сретнаа во наредната година да почнат реализација на своите инвестиции во Македонија.Тој истакна дека следната година очекува инвестиции во Македонија, одење напред и резултати од овие посети. Во последните месеци имаме засилено доаѓање на странски компании во Македонија, што е резултат од нашите напори направени претходно. Она што малку не плаши во иднина што може да ги забави инвеститорите во нивните намери да инвестираат или да забави нашиот раст е должничката криза во Европа, нагласи премиерот Груевски.Посетата на Австрија и Германија беше успешна, кратка и ефикасна и Владата ќе продолжи со организирање на вакви роуд шоуа презентирајќи ги можностите за бизнис во Македонија