„Џонсон Мети” ја избра Македонија како дестинација за својата Eвропска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот и важи за најголем извезувач од Македонија .Инвестицијата изнесува €80 милиони, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.
Во мај, 2012 година „Џонсон Мети” го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Оваа инвестиција изнесува €65 милиони, која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше над 500 нови работни места.
Во октомври 2021 година вкупниот број на вработени изнесува 998 лица.
Предвидени се 300 вработувања, а на почетокот на октомври има 79 вработени лица.