ИНВЕСТИЦИСКИТЕ МОЖНОСТИ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД 1.700 КОМПАНИИ ВО ТУРЦИЈА

По завршувањето на роуд шоуто во Република Турција, владиниот економски тим е задоволен од одзивот на турските компании и нивниот интерес за инвестирање во Македонија. Презентациите реализирани во периодот од 29 јануари до 2 февруари, во повеќе градови во Турција, според пресметките на коорганизаторот ги посетија околу 1.700 фирми што е најголем интерес досега од сите држави каде се презентирани македонските инвестициски можности.

По завршувањето на посетата на Турција, интерес за поединечни средби и конкретни информации побарале 50-тина компании главно од лесната индустрија. Некои од нив веќе најавија доаѓање во Македонија и разгледување на можностите за почнување бизнис.

За време на престојот во Турција владиниот економски тим ги презентираше инвестициските можности на Македонија во Истанбул, Кајсери, Коња, Газиантеп, Измир и Бурса. На бизнис форумот во Бурса беше потпишан и Меморандум за разбирање меѓу Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони на Република Македонија и Слободните зони на Република Турција кој ќе овозможи размена на искуства, информации и потенцијал операторите на Слободните економски зони во Турција да покажат заинтересираност за доаѓање во Македонија каде би оперирале со една или повеќе ТИР зони.