НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ – ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО ТУРСКАТА КОМПАНИЈА „ТЕКНОПАНЕЛ“
Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар.
Само од почетокот на годинава во ТИРЗ се заокружени договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, а во првите шест месеци е остварена највисока економска активност во зоните од нивното формирање. Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра. Овие бројки се должат на новиот концепт на работење и мерки на ТИРЗ и Владата за поттикнување на инвестиции. Со ваквиот тренд, директорот Деспотовски најави дека се очекува 1 милијарда странски инвестиции и отворање на дополнителни 14.000 работни места до 2024.
