ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО КОЕ СЕ ОСТВАРУВА КАКО КОНЦЕСИЈА ЗА ЈАВНА УСЛУГА

Број на огласот               01/2024

ДЕЛ I: ЈАВЕН ПАРТНЕР

I.1) Податоци за јавниот партнер

I.1.1) Име на јавниот партнер: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија
I.1.2) Адреса на јавниот партнер: Булевар Партизански Одреди бр.2, п. фах 311
Град/општина: Скопје                                                                       Поштенски код: 1000
I.1.3) Контакт: Благоја Богоевски                                                 
Е-пошта: greenzone@fez.gov.mk                                                      Факс: /
Интернет адреса: www.fez.gov.mk

I.2) Категорија на јавниот партнер

☒Друго правно лице кое согласно со закон врши јавни овластувања, во делот на вршењето јавни овластувања

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈАТА

II.1. Назив на предметот на концесијата:

Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство заради проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на технолошко индустриската развојна зона „Гевгелија“, Северна Македонија

II.2. Природа и обем на концесијата:

Предмет на оваа Отворена постапка е воспоставување на ЈПП за проектирање, изградба, работење, одржување и финансирање на технолошко индустриската развојна зона Гевгелија во Северна Македонија. Проектот се состои од две фази. Само Фаза 1 е предмет на оваа Отворена постапка и Договорот за ЈПП.

Фаза 1 вклучува изградба на инфраструктура и проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на индустриски и други објекти, според барањата за урбанистичко планирање и предвидените намени, на парцела од 50,25 хектари во сопственост на Република Северна Македонија.

Фаза 2 зависи од успешната имплементација на Фаза 1. Фаза 2 вклучува проектирање, изградба, работење, управување, одржување и финансирање на технолошко индустриската развојна зона Гевгелија – Фаза 2, што исто така опфаќа изградба на инфраструктурни, индустриски и други објекти, во согласност со применливите урбанистички услови и планираните намени, и тоа потенцијално на парцела од околу 70 хектари, ако споменатото земјиште биде достапно во моментот на завршување на Фазата 1. Фазата 2 ќе биде предмет на посебна тендерска постапка

II.3. Објаснување за оправданоста на доделувањето на концесијата и назначување на целите:

Доделувањето на технолошка индустриска развојна зона Гевгелија на Приватен партнер произлегува од потребата за привлекување на инвестиции со кои ќе се обезбедат предуслови за локален економски развој на југоисточниот регион на Република Северна Македонија, односно до намалување на бројот на невработени и подигање на животниот стандард на населението. Цели кои треба да се остварат со доделувањето на договор за воспоставување на ЈПП се:

– економски и социјален развој;

– зголемување на конкурентноста на подрачјето;

– подигнување на животниот стандард на населението;

– задржување на работоспособното население во подрачјето;

– изградба на комунална инфраструктура во зоната;

– привлекување нови инвеститори во зоната;

– намалување на бројот на невработени;

– прикажување на економските ефекти од инвестицијата, потребните трошоци, но и мерливите и не мерливите придобивки од таквиот проект и неговата одржливост.

II.4. Место/локација на извршување на концесијата: Општина Гевгелија, Република Северна Македонија
II.5. Проценета вредност на договорот: околу 120 милиони евра за Фаза 1

ДЕЛ III: ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО

III. 1. Рок за поднесување на пријавата за учество

Датум : [11] / [04] / [2024] (дд/мм/гггг)

III.2. Адреса на поднесување на пријавата за учество

III.1.2) Адреса на јавниот партнер: Булевар Партизански Одреди бр. 2, п. фах 311

Град/општина: Скопје                                                    Поштенски код: 1000
III.3. Јазик на кој мора да биде напишана пријавата за учество:

☒Македонски

☒Англиски

☐Друг

Понудата заедно со придружната документација мора да се достави на англиски јазик со заверен судски превод на македонски јазик или на македонски јазик со заверен судски превод на англиски јазик, освен документите издадени од надлежните органи на Република Северна Македонија кои може да се достават само на македонски јазик. Јавниот партнер го задржува правото да побара овие документи кои се издадени на македонски јазик да се преведат на англиски јазик од страна на овластен судски преведувач. Во случај на несогласување помеѓу македонската и англиската верзија, преовладуваат документите/преводите на македонски јазик.

ДЕЛ IV: ВИД НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

☒Отворена постапка

ДЕЛ V: НАДОМЕСТ ЗА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Тендерската документација може да се добие без надомест во електронска форма со доставување барање за добивање на Тендерска документација од страна на Економскиот оператор на следнава електронска адреса: greenzone@fez.gov.mk. Барањето мора да содржи назив на Економскиот оператор и електронска адреса за комуникација со Економскиот оператор.

ДЕЛ VI: УСЛОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА КАНДИДАТИТЕ

VI.1. Лична состојба – Докази дека не постојат причини за исклучување од постапката

Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на состојбата:

Како докази дека не постојат причини за исклучување од постапката, Јавниот партнер ги прифаќа следниве документи согласно со точка 2.4 од Тендерската документација:

– изјава на Економскиот оператор дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од потточка 2.2.1. од Тендерската документација;

– потврда дека не е отворена постапка за стечај против Економскиот оператор издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или од надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор;

– потврда дека не е отворена постапка за ликвидација против Економскиот оператор, издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор;

– потврда дека се платени даноците, придонесите или другите јавни давачки, издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор;

– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на Економскиот оператор не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор;

– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на Економскиот оператор не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност, издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор;

– потврдa дека на Економскиот оператор со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или надлежен орган на земјата во која е регистриран Економскиот оператор.

VI.2. Способност за вршење на професионална дејност

Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста:

– Како доказ за квалификација за извршување на соодветниот договор, врз основа на неговата способноста за вршење на релевантната дејност, Економскиот оператор мора да достави потврда за регистрација или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

VI.3. Економска и финансиска состојба
Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени):

Нема

Евентуални минимални барања (ако се применливи):                                                                                                                                                                

Нема

VI.4. Техничка и професионална способност

Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени):       

– Биографија (CV) ─ секој член на стручниот тим е должен да достави сеопфатна биографија. CV-то треба да обезбеди детални информации за релевантното искуство на поединецот, посебно истакнувајќи го нивното учество во проекти кои се усогласени со бараните квалификации. Треба да содржи конкретни детали како што се име на проектот, обемот на проектот, времетраењето на имплементацијата, географскиот регион, позицијата и одговорностите која/кои лицето ја имало на проектот, контакт за референца и финансиските детали за проектот. Ова ќе овозможи темелна евалуација на колективната експертиза на тимот и нејзино усогласување со барањата на Проектот;

– Изјава од Економскиот оператор дека располага со потребниот кадар и дека ги поседува потребните квалификации.                               

Евентуални минимални барања (ако се применливи):                       

– Тим лидер – мора да е дипломиран економист со најмалку 15 (петнаесет) години работно искуство од кои минимум 10 (десет) години претходно искуство во процес на проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на индустриска зона или искуство во проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на проекти за ЈПП вклучувајќи проекти поврзани со јавни инвестиции во инфраструктурата, од кои најмалку еден проект да е реализиран во земја членка на ЕУ.

– Клучен финансиски експерт – мора да е дипломиран економист и да има најмалку 10 (десет) години работно искуство од кои минимум 5 (пет) години претходно искуство во процес на проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на индустриска зона или искуство во проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на проекти за ЈПП вклучувајќи проекти поврзани со јавни инвестиции во инфраструктурата, од кои најмалку еден проект да е реализиран во земја членка на ЕУ;

– Клучниот експерт за правни прашања мора да поседува диплома за дипломиран правник и да има најмалку 10 (десет) години работно искуство од кои минимум 5 (пет) години претходно искуство во процес на проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на индустриска зона или искуство во проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на проекти за ЈПП вклучувајќи проекти поврзани со јавни инвестиции во инфраструктурата, од кои најмалку еден проект да е во реализиран во земја членка на ЕУ.

ДЕЛ VII. КРИТЕРИУМИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНЕТИ ПРИ ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Повеќе информации се содржани во точка 1.9 од Тендерската документација.

ДЕЛ VIII. МИНИМУМ РАБОТИ ИСКАЖАНИ ВО ПРОЦЕНТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ НА ТРЕТИ СТРАНИ (доколку е предвидено)

Не е предвидено во оваа фаза.

ДЕЛ IX. МИНИМАЛНИОТ ИЗНОС НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА КОНЦЕСИЈА И/ИЛИ НАЧИНОТ НА КОЈ ИСТИОТ СЕ ПРЕСМЕТУВА (доколку е предвидено)

5,185,000.00евра. Цената е нето сегашната вредност на сите исплати од Приватниот партнер кон Јавниот партнер за време на периодот на концесија (без ДДВ, доколку е применливо). Ваквите исплати ќе вклучуваат (i) еднократен фиксен надоместок за концесија која се плаќа на датумот на потпишување на Договорот за ЈПП, (ii) годишен надоместок за концесија што се плаќа секоја година за време на траењето на концесијата (пресметано како процент од приходот на годишна основа, но не помал од фиксниот износ на надоместокот за концесија што се плаќа на нивото на година понудено од страна на Понудувачот). Методологијата за пресметување на нето сегашната вредност на сите исплати од Приватниот партнер кон Јавниот партнер за време на периодот на концесија (без ДДВ, доколку е применливо) е дадена во член 6.3 на Тендерската документација.

ДЕЛ X. БРОЈ И ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Датум : [06] / [03] / [2024] (дд/мм/гггг)

ДЕЛ XI. ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА

XI.1. Надлежен орган за одлучување по жалба

XI.1.1) Име на органот: Државна комисија за жалби по јавни набавки
XI.1.2) Адреса на органот: улица Филип Втори Македонски број 11, кат 4
Град/општина: Скопје                                 Поштенски код: 1000
XI.1.3) Контакт:                                               Телефон: +389 2 3251 260
Е-пошта: dkzjn@gs.gov.mk                           Факс: +389 2 3251 269
Интернет адреса: https://dkzjn.mk

XI.2. Право на жалба

Секој Економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на законските одредби, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на Јавниот партнер во постапката за доделување на договорот.

XI.2.1) Рок за поднесување на жалба: Согласно со член 144 од Законот за јавните набавки

ДОДАТОК А

ОСТАНАТИ АДРЕСИ И КОНТАКТИ

I. АДРЕСА И КОНТАКТ КАДЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија
Адреса: за дополнителни информации / барања за појаснувања, ве молиме користете ја електронската адреса наведена подолу
Место: Скопје Поштенски код: 1000 Држава: Република Северна Македонија
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски  

Телефон: +389 72 264 996

E-пошта: greenzone@fez.gov.mk Факс: /
Интернет адреса: www.fez.gov.mk

II. АДРЕСА И КОНТАКТ КАДЕ ШТО СЕ ДОСТАПНИ ДОПОЛНУВАЊАТА/ИЗМЕНИТЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија
Адреса: за дополнувања / измени на тендерската документација, ве молиме користете ја електронската адреса наведена подолу
Место: Скопје Поштенски код: 1000 Држава: Република Северна Македонија
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски  

Телефон: +389 72 264 996

E-пошта: greenzone@fez.gov.mk Факс: /
Интернет адреса: www.fez.gov.mk

III. АДРЕСА И КОНТАКТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија
Адреса: Булевар Партизански Одреди бр.2, п. фах 311
Место: Скопје Поштенски код: 1000 Држава: Република Северна Македонија
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски  

Телефон: +389 72 264 996

E-пошта: greenzone@fez.gov.mk Факс: /
Интернет адреса: www.fez.gov.mk