Иднината – дома

Стефан Алексовски – БМЗ

Учење од врвни експерти и започнување со производство на производ каков што до сега не се креирал во нашата земја. Ова беа главните мотиви на Стефан Алексовски, софтверски инжинер да започне со работа во БМЗ. БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на засилена глобална транзиција кон зелена економија добиваат се повеќе нагласена пазарна вредност и можности за успех. Тоа е синоним за технолошки напредна компанија, со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал што произлегува од нивните иновативни, висококвалитетни производи.