ПРОМОВИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ НА AUTOMOTIVE NEWS КОНГРЕСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО

Македонија е рангирана на високата 23. позиција од вкупно 185 земји во најновиот извештај „Дуинг бизнис“ за 2013 година објавен од Светска банка на 22.10.2012 година. Согласно извештајот Македонија останува лидер за водење бизнис во регионот и е на петто место во светски рамки според вкупните реформи од 2005 до 2012 година.Според извештајот на Светска банка Македонија е во групата земји далеку економски поразвиени од неа. Германија е на 20. место, а Јапонија е зад нас на 24-тото.Годинава според „Дуинг бизнис“ сме далеку пред Словенија, која е на 35. место, Црна Гора е 51-ва, Бугарија 66., Турција 71., Романија 72., Грција 78., Хрватска 84., Албанија 85., Србија 86., а Бих е на 126-то место.Согласно Извештајот, Македонија бележи прогрес за 20 места во однос на приклучокот за електрична енергија, индикатор во кој лани бевме најлошо рангирани на 121-во место. „Дуинг бизнис“ лани ја рангираше Македонија на 22-та позиција од вкупно 183 земји.