Република Сееверна Македонија

Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Текнопанел со план за проширување на ивестицијата во вредност од 5 милиони евра, предвидени нови 100 вработувања

Текнопанел со план за проширување на ивестицијата во вредност од 5 милиони евра, предвидени нови 100 вработувања

Директорот Гоце Димовски денес оствари работна средба со Хуријет Демирорс, член на Одборот на директори на Текнопанел и управител на компанијата во Скопје. На средбата се разговараше за тековните активности и плановите за проширување на инвестицијата во вредност од 5 милиони евра, со чија реализација се очекува и отворање на 100 нови работни места.

Димовски го поздрави планираното проширување како значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и израз на доверба во условите за инвестирање во Македонија. Тој ја нагласи подготвеноста на Дирекцијата за ТИРЗ да обезбеди институционална поддршка во рамки на своите надлежности, со цел успешна реализација на планираните активности. Димовски посочи дека поддршката на постојните инвеститори и создавањето услови за нови вложувања остануваат меѓу приоритетите на Дирекцијата, особено кога истите придонесуваат за отворање нови работни места и зајакнување на економијата.

Демирорс ги претстави плановите за проширување на инвестицијата, осврнувајќи се на предвидените вложувања и потребата од нови вработувања што ќе произлезе од нивната реализација. Тој ја истакна важноста на редовната комуникација и соодветната поддршка при спроведувањето на планираните активности, што е особено важно при реализација на инвестициски проекти со долгорочно значење за развојот на целокупната економијата.

Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ и понатаму останува посветена на создавање поволни услови за раст на компаниите во зоните, поттикнување нови вложувања и отворање нови работни места.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email