Гоце Димовски
Гоце Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија“ на темпус докторската студиска програма DOCSMES реализирана заеднички од страна на повеќе универзитети како што се Алма Матер Студиорум – Универзитетот во Болоња, Италија, Автономен универзитет во Барселона, Шпанија, Универзитетот во Ница, Софија Антиполис, Франција, Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот Св. Климент Охридски од Македонија и други, на Економскиот факултет при УКЛО.
Имено, на Лондонската школа за бизнис и финансии во Лондон, Обединетото Кралство, Гоце Димовски успешно ја има завршено програмата Executive Education, додека на Европската сертификациона и квалификациона асоцијација во Виена, Република Австрија, ја има завршено програмата за проектен менаџмент, каде што се стекнува со звање – Сертифициран проект менаџер. Воедно, Димовски поседува обуки и професионални надградби на различни образовни институции како што се Јапонската меѓународна агенција за соработка во Јапонија, Метрополитен школа за бизнис и менаџмент во Обединето Кралство и други.
Гоце Димовски има деловно искуство во различни институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, Министерство за транспорт и врски, Национален Парк „Маврово“, Совет за јавните набавки на Македонија, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерство за финансии – Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансиран од Светска Банка, Коленко ДООЕЛ Скопје претставништво на Коленко ГМБХ Германија, ЦРППР – Проект за стратешко планирање, истражување, развој на студии и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион (iCARE) и Совет на Општина Гостивар.
Во текот на своето деловно искуство Гоце Димовски има управувано со различни оперативни, логистички, финансиски и организациски задачи. Поседува исклучителни познавања од областа на инвестициите и менаџмент, вклучувајќи идентификација, анализа, проценка, подготовка, евалуација, елаборација, тендерирање, оперативно и финансиско следење и управување со инвестициски проекти.
Димовски исто така има искуство во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светска Банка, Европската инвестициона банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ. Воедно, бил ангажиран како консултант за изработка на физибилити студии и документи за проценка на инвестициски проекти кои биле финансирани од страна на домашни и меѓународни финансиски институции.
Има објавено научни трудови од областа на менаџментот и инвестициите, а има учествувано на меѓународни научни конференции од полето на економијата и бизнисот.
Мајчин јазик му е македонскиот, а одлично зборува англиски и српски јазик. Користи низа интегрирани информациони системи, а од страна на Мајкрософт е сертифициран Мајкрософт офис специјалист (Microsoft Office Specialist).
Гоце Димовски е оженет и родител на две деца.